ФОТО: Како ви се допаѓаат маскотите за ОИ во Рио 2016?

Маскотите на Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе се викаат Виницијус и Том, соопштија денеска организаторите на најголемиот светски спортски настан во 2016 година.
Маскотите имињата ги добија по славните бразилски музичари Виницијус де Мораес и Том Жобим.
За овие имиња преку интернет гласале 323.327 луѓе.
Виницијус и Том – жолтата мачка и куклата со лисја на главата ги симболизираат богатата флора и фауна на Бразил.
Игрите во Бразил ќе се одржат од 5 до 21 август 2016 година. 
 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега