Зголемена стапката на бруто домашниот производ во третото тромесечје

Според податците објавени на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2017 година е 0,2%, во споредба со второто тромесечје кога таа изнесуваше -1,8%.

Како што стои во соопштението во третото тримесечје од 2017 година, најголем пораст е забележан во секторите: Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9.8%; А - Земјоделство, шумарство и рибарство од 3.8% и Ј - Дејности во врска со недвижен имот од 0.9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2017 година номинално расте за 5.0%, а нејзиното учество во  структурата на бруто-домашниот производ изнесува 65.5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9.8%, а увозот на стоки и на услуги  забележа зголемување во номинален износ од 5.0%.

 

 

 

07.12.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега