Нова цена на горивата во Македонија - ќе има ли поскапување пред Нова Година

Регулаторната Комисија за Енергетика денеска напладне треба да ја соопшти новата одлука за цената на бензинот која почнува да важи од полноќ.

Бензините поевтинија за денар, односно 1 и половина, цената на дизелот не се смени со последната одлука на Регулаторната Комисија за Енергетика објавена пред две недели..

ЕУРОСУПЕР БС95 сега се точи за 65,5 денари по литар додека на ЕУРОСУПЕР БС98 цената се намали за 1,5 денари и изнесува 67 денари за литар. 

Цената на дизелот остана 54 денари за литар.

Останува да видиме каква ќе биде новата одлука на РКЕ и дали ќе возиме поскап или поевтин бензин пред Нова Година и претстојните празници.

 

 

 

11.12.2017 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега