Град Скопје ќе достави потврди за остварените приходи до физичките лица

 Град Скопје соопшти дека по пошта доставува потврди за бруто остварените приходи, пресметаниот и платениот данок и вкупно исплатените нето приходи во текот на 2017 година, до сите физички лица кои по различен основ имаат остварено приход од Град Скопје меѓу кои и за субвенции за печки на пелети, субвенции за велосипеди и слично.

Како што соопштија од градот, потврдата за остварени приходи треба да послужи за пополнување на Годишната даночна пријава која даночните обврзници се должни да ја поднесат до Управата за јавни приходи најдоцна до 15 март 2018 година.

Од Град Скопје ги известува граѓаните кои нема да добијат потврда дека можат да ја подигнат во Секторот за финансиски прашања (барака 7), секој работен ден од 9 до 15 часот. 

 

 

 

06.02.2018 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега