ВИДЕО: Германските форензичари пристигнаа кај опожарената модуларна болница во Тетово

Германските форензичари со својата опрема пристигнаа денеска во опожарената тетовска модуларна болница во која загинаа 14 луѓе, а 12 пациенти се повредени.

Германскиот тим од четворица експерти ќе им помогнат на македонските истражители во наоѓањето на причините за пожарот. Тимот е составен од двајца форензичари за истрага на пожар и двајца се форензичари за ласерско мерење и фотографирање на просторот.

-Двајца форензички експерти се за истражување на пожар и двајца форензички експерти за ласерско мерење и фотографирање на просторот. Министерството за внатрешни работи веќе подготвува соодветна помош во форма на алатки, скици, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничката проверка на фактите, изјавија пред неколку дена од Владата.

Овој тим експерти се очекува да ги разјасни дилемите како е предизвикан пожарот.

 

16.09.2021 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега