ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ е сатрапот за Албанците во Македонија, како семејството Груби стана сопственик на дуќани од половина милион евра во центарот на Скопје

„ДУИ е сатрапот за Албанците во Македонија, како семејството Груби стана сопственик на дуќани од половина милион евра во центарот на Скопје?

Секогаш кога ДУИ се фатени во криминал или им е загрозена власта, ги злоупотребуваат Албанците или се закануваат со војна.

Ковачевски и СДС се само извршители во име на ДУИ.

Груби да не ги злоупотребува Албанците за негово лично богатење, зошто додека тој трупа милиони и Македонците и Албанците, но и сите други се ислеуваат.

Наместо да се повикува на Албанците, кои самиот Груби ги шиканира, да каже до каде е истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово и кој одговараше за тоа? Дали има одговорност за изгорениот автобус во Бугарија? Зошто со брзината со која  се купуваат приватни имоти на семејството Груби, не се градат и автопатите Кичево - Охрид и Скопје - Блаце?

Груби да не ја злоупотребува функцијата и да не ги манипулира Албанците, поголем сатрап за Албанците од него нема."- стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

20.02.2023 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега