Заев: Како премиери имаме различен став, но тоа не е пречка за соработка

 
 

По прашањето на Отворен Балкан еве како премиери имаме различен став, ама тоа не ни е пречка да одлично соработуваме затоа што должност ни е да им служиме на нашите граѓаните, на економијата, на коморите, на институциите и тоа токму го правиме. За мене е историски денот денес, на оваа прва меѓувладина конференција на 30 години независност на Р.Северна Македонија и 13 години независност на Косово.

Oва го истакна претседателот на Владата, Зоран Заев на денешната прес-конференција, после заедничката седница.

Како што изјави Заев, Косово е суверена и независна држава која ги гради своите ставови, а ние ги почитуваме.

„ Како човек ќе кажам дека сум познат по постигнување на договори, доказ за тоа се и договорот со Бугарија и Преспанскиот договор. Верувам многу дека Балканот треба да има дијалог, треба да има разговори, да постигнува договори. Како што рече и прем.Курти на тој начин повеќе ќе се европеизираме, ќе ја унапредиме регионалната соработка и ќе го засилиме нашиот пат кон ЕУ. Целиот ЗБ, сите 6 земји немаат друга алтернатива освен членството во ЕУ. Секое билатерално, мултилатерално договорање овде во регионот е апсолутно заради побрза, поефикасна иднина во ЕУ на сите наши земји. Нашата земја покажа храбри чекори заради постигнување на таа цел а тоа е полноправно члентсво во ЕУ“- рече премиерот.

Претседателот на Владата исто така дополни дека ја постигнале втората стратешка цел, НАТО. 

„Балканот веќе не е буре барут, Балканот не е темпирана бомба. Балканот е балкан на 21 век, ние денес и билатерално тоа го потврдивме со Р.Косово, сите наши министри, ние како премиери. Јас сум уверен дека во иднина дијалогот, дипломатијата добрата мисла, пријателството, подадената рака се иднината на европскиот дел на Балканот. Нашето место е заслужено да биде таму, како членки на ЕУ“- истакна во својот говор премиерот Заев.

 

 
16.09.2021 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега