АА: Високото ниво на криминал и корупција потврдено во извештајот на Стејт департментот

Со години, ние како политичка партија цело време сме алармирале за високото ниво на криминал и корупција, во кое директно се вклучени владини претставници и раководители на институции во земјата. Сега веќе, сите овие проценки беа потврдени во извештајот на американскиот Стејт департмент, каде што е цврсто наведено дека „има бројни извештаи дека некои функсионери сè уште се вклучени во коруптивни активности“, велат од Алијанса на Албаннците преку соопштение.

„Во извештајот понатаму се наведува дека Северна Македонија има донесено антикорупциски закони, но тие не се спроведуваат. Извештајот ја пофалува работата на Државната комисија за спречување корупција, но ги истакнува проблемите во централните институции и судството како причина за неуспех во оваа битка. Овие се оценуваат во извештајот како главна пречка за инвестициската клима во Северна Македонија.

Алијанса за Албанците го оценува како несериозно и неодговорно однесувањето на Владата, која ваквите аларми ги третира со небрежност, додека најсериозните последици ги сносат граѓаните кои ја напуштаат државата секој ден, за да бегаат од недостаток на перспектива и корупција на институциите кои се фатени од сегашната власт“ велат од Алијанса за Албанците.

24.07.2021 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа