Албанија: Силен земјотрес го стресе тлото

Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, регистриран е во соседна Албанија.

Земјотресот бил почувствуван во 22.13 часот, на 53 километри северозападно до главниот град Тирана. Потресот се случил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот бил почуваствуван по целиот брег на Албанија, но и во соседна Црна Гора.

18.10.2021 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега