Анкета: Диши „Европскиот фронт“ - СДСМ и ДУИ заедно нема да имаат над 45 пратеници

Европскиот фронт на СДСМ и ДУИ, доколку го формираат нема да има повеќе од 45 пратеници, покажува сублиматот на анкетата која за МТВ ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, ВМРО-ДПМНЕ ќе има меѓу 52 и 54 пратенички мандати а СДСМ меѓу 26 и 30. ДУИ ќе има меѓу 14 и 15 а албанската опозиција меѓу 10 и 12 со тоа што тука е и Алијанса која би освоила 3 пратеници. Меѓу 5 и 6 ќе има левица а од 4 до 6 се прогнозираат за партијата на Максим Димитриевски.
Ова значи дека коалицијата на СДСМ, ДУИ и Алијанса заедно не  може да стигне ниту до 50 пратеници.
На прашањето „за која партија ќе гласате на претстојните избори?“ на ниво на цела Македонија резултатите се 21,8% за ВМРО-ДПМНЕ, 11,7% за СДСМ, 6,2% за ДУИ, 4,6% за Европскиот сојуз за промени, 3,2% за Левица, 2,7% за движењето ЗНАМ, 2,2% за Алијанса за Албанците, 18,2% не би гласале за ниту една партија, 16,6% не сакале да дадат одговор, 1,3% за друга партија, а 11,4% не знаеле или немале одговор.

21.02.2024 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега