Чулев за дрогата во возилото на МВР: Повторно ли Наќе е крив?

Поранешниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Наќе Чулев кратко го искоментира инцидентот во кој полициски службеници биле фатени со марихуана на границата меѓу Албанија и Грција.

-Кој е виновен за новиот меѓународен скандал со запленето поголемо количество дрога во службено возило на МВР?! Повторно ли Наќе е крив?, напиша кратко Чулев на социјалните мрежи.

Како што велат од МВР за Прес24, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика оделе на обука во Црна Гора. Користеле возило од Агенцијата за одземен имот, а истото било запленето од Царинската управа во 2016 година во акција за сузбивање на трговија со дрога. Од МВР уверуваат дека вработените немаат поврзаност со дрогата и не знаеле за неа.

 

23.09.2021 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега