Двајца разбојници ограбиле и повредиле момче со остар предмет на кејот на Вардар

Вчера во 18.00 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е.Д.(23) и Џ.И.(22), женско лице, двајцата од Скопје, информира МВР.
 
Како што објави МВР, тие двајца се приведени затоа што во 15.56 часот во СВР Скопје Р.Б.(26) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, кај МТВ, му одзеле пари и му нанеле повреда со остар предмет. По извршениот претрес кај пријавените пронајден е нож и пари.
 
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

02.10.2022 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа