Холивудската актерка проговори за „појавувањето“ во порнографски филм: Шокирана сум од злоупотребата (ВИДЕО)

Актерката Кристен Бел проговори за чувствата кои ја преовладеле кога се видела себеси во еден порнографски филм.

Лицето на Кристен беше поставено на друго тело од веќе постоечка сцена.

-Бев само шокирано, зашто тоа е моето лице. Ми припаѓа мене. Тешко е кога така ќе те злоупотребат, објаснува 39-годишната ѕвезда.

Кристен признала дека првпат дознала за тоа видео преку својот сопруг Дак Шепард откако неговиот другар Ештон Кучер го предупредил дека снимка кружи по интернет.

Кристен била апсолутно шокирана од постоењето на таа снимка, но и од фактот дека 96 отсто од вакви, „deepfake“ лажирања се од порнографска природа.

-Водиме големи разговори за давањето согласност, а јас за ова никогаш не се согласив. Затоа воопшто не е в ред, изјави Бел.

12.06.2020 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега