ИЈЗ: Најголем процент од новозаболените и смртните случаи имаат коморбидитети или се над 60 години
Најголем процент – 25,9 отсто од новозаболените со Ковид-19 и во периодот од 3 до 9 август се лица на возраст над 60 години, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст меѓу 30 до 39 години – 18,4 отсто, од 40 до 49 години – 17,9 отсто, а од 50 до 59 години – 17,2 отсто, покажуваат денеска објавените податоци во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Кај 196 лица (34,3 отсто) е регистрирано присуство на коморбидитети.
Во истиот период регистрирани се 25 смртни случаи, а најголемиот број од нив се лица на возраст над 60 години (56 отсто). Кај 19 од смртните случаи (76 отсто) се регистрирани претходни коморбидитети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа