Изет Меџити: „Де факто“ лидер во ДУИ е Артан Груби, не Али Ахмети

 

Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 гостувашее Изет Меџити од ДУИ.

Меџити е пратеник од редовите на ДУИ, и потпретседател на партијата, кој е предводник на “огнената” група, а вечерва од студиото на ТВ21 упати сериозни критики кон раководството на ДУИ. Според него, во партијата има целосна анархија, не се знае кој ги носи одлуките, не се консултира членството, не се дебатира во партијата за важни теми, се закажуваат тајни состаноци.

 

„Ова е сосема различно ДУИ од тоа што ние го познаваме. Одлуките ги носи Артан Груби сам, и „де факто“ тој е лидер на ДУИ, а не Али Ахмети“, рече Меџити.

23.05.2023 - 22:49
Фото: 
Принтскрин ТВ21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега