Казнети 139 возачи во Скопје, 14 од нив се мотоциклисти

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. 

 

На територија на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 16 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за возење под дејство на алкохол, три  мерки за возач почетник, пет санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за некористење сигурносен појас...“, информираат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

24.05.2022 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега