Ќе заспиете за 2 минути - трик со кој ќе ѝ речете збогум на несоницата

Недостатокот на мирен сон најмногу е поврзан со стресот, лошиот дневен ритам како и емоционалните шокови со кои  се соочуваме. Применете го овој метод и лесно заспијте за 2 минути.

1.Опуштете ги сите мускули на лицето, јазикот, вилицата и мускулите околу очите;

2.Максимално опуштете ги рамената, потоа прво десната и потоа левата рака;

3.Издишете и опуштете го градниот кош, потоа опуштете ги нозете, почнувајќи од колковите се до ножните прсти;

4.Претходните чекори изгледаа доста едноставно, но сега се продолжува со нешто посложено. Обидете се да не мислите на ништо, а во меѓувреме замислете ги овие 3 слики кои ќе ви помогнат да се опуштите и да не размислувате на ништо.

Слика бр.1-Лежите во чамец кој плови по езеро, наоколу нема ништо само чисто и ведро небо

Слика бр.2-Лежите во црна лулашка во темна соба

Слика бр3.-Повторувајте 10 – 20 секунди: Не размислувај, не размислувај, не размислувај…

Вашиот централен нервен систем прв почнува да пати поради недостатокот од сон. Поради ова опаѓа имунитетот, се јавува проблем со помнењето, висок крвен притисок, прекумерна телесна тежина како и ред други непријатни болести. Ништо не е комплицирано ниту нешто ризикувате, пробајте го овој метод и ќе заспиете за 2 минути.

05.08.2021 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега