Костовски: СДСМ работи за департизација на судството

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во дебатната емисија „Објектив“ на МТВ, истакна дека Собранието функционира исклучиво благодарение на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и изрази надеж дека ќе проработи рационалноста и разумот и пратениците од опозицијата и ќе придонесат во работата на собранието за тоа што се платени.

-Не можеме да го сфатиме неодговорниот пристап на опозицијата во законодавниот дом, кога за жал живееме во голема економска, енергетска криза, во која секој народен пратеник мора да даде придонес за поддршка и помош на граѓаните, но не сме сведоци на такво однесување на страна на опозицијата, истакна Костовски.

Пратеникот Мартин Костовски нагласи дека ова, како што го категоризираше, деструктивно однесување не било поддржано од граѓаните.

Има пратеници што лично се срамат од вакво туркање од страна на Мицкоски, рече Костовски, додавајќи дека граѓаните гледаат филибастеринг, ниско ниво на дебата, последно на комисијата за избори и именувања при изборот на уставни судии.

СДСМ работи за департизација на судството, инстутициите, а опозицијата предлага партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и сака повторно судниците да ги направи партиски седишта, нагласи Костовски.


20.09.2022 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега