Ласовска: Владиното мнозинство го злоупотребува законското знаменце

Благица Ласовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24 вели дека гола реторика се изјавите дека парламентарното мнозинство нема намера да носи реформски закони по пат на сила, потсетувајќи дека само пред месец дена се изгласале двајца уставни судии кои притоа не поминале на комисија за избор и именување.

Тоа е гола реторика дека на сила немаат намера да носи реформски закони или брзо што во Собранието. Па само пред месец дена се изгласаа уставни судии кои не поминаа во комисијата за избор  и именување, поминаа на пленарна седница . Доколку ова власта или парламентарно мнозинство  сака нешто на мускули да истера тогаш ќе истера, на неделовнички начин. Значи на најнеделовнички начин и затоа нашата колешка има интерпелација, која што се уште не е ставена на пленарна седница, вели Ласовска.

Според Ласовска секој закон кој што не може да помине во собранието, власта го користи европското знаменце.

Се што на оваа влада не може да и помине, се става европско знаменце, рече таа.

Ласовска смета дека опозицијата која што е најбројна во собранието треба да биде консултирана за секое законско решение поготово оние кои се од национален и стратешки интерес, потенцирајќи дека вкупно 41 предлог законско решение поднесено од ВМРО-ДПМНЕ не се става на пленарна седница.

Тоа се национални и стратешки интереси и без разлика која политичка партија е на власт треба да оди во тој правец. Но, ако веќе одиме во тој правец треба да бидеме консултирани. Значи опозицијата е најбројна по број на пратеници не е консултирана, потенцираше Ласовска.

Почнавме за законот за една изборна единица, формиравме работни групи, но Талат Џафери не само ова законско решение, туку 41 законско решение од ВМРО-ДПМНЕ не се става на пленарна седница, нагласи Ласовска.
15.02.2023 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега