Лоши вести од Шпанија: Повторно скок на новозаразени од коронавирусот, бројката четирицифрена

Во Шпанија потврдени се 2.935 нови случаи на коронавирус, што е голем скок во однос на претходниот ден кога се регистрирани 1.690 нови случаи, објави шпанското Министерство за здравство.

Исто така, се наведува дека 70 лица починале во последните седум дена, со што вкупниот број на починати се зголемил на 28.605, пренесува Ројтерс.

Од почетокот на епидемијата во Шпанија, која некогаш беше главен фокус на Европа, вкупно 337.334 луѓе се разболеле.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега