„Мајкрософт“ треба да плати глоба од 3,3 милиони долари за прекршување санкции

 

Американското Министерство за финансии го казни „Мајкрософт“ со 3,3 милиони долари поради прекршување на санкциите.

„Мајкрософт“ ќе плати казни за повеќе од 1.300 прекршувања на санкциите што САД им ги наметнаа на Куба, Иран, Сирија и на Русија. Прекршувањата вклучуваат извоз на услуги и софтвер, соопшти американското Министерство за финансии.

Тие ги прекршиле санкциите во периодот од 2012 до 2019 година, во повеќето случаи продавајќи услуги и софтвер на руски правни и физички лица на Крим, соопшти Министерството.

„Санкциите беа прекршени, меѓу другото, затоа што не беа собрани сите или точни информации за идентитетот на крајните клиенти на производите на ‘Мајкрософт’“, соопшти Министерството за финансии предупредувајќи на слабости во процесот на проверка на компанијата.

Русија го анектира украинскиот полуостров Крим во 2014 година.

Министерството за финансии на САД забележува дека „Мајкрософт“ признал дека ги прекршил санкциите. Од компанијата велат дека соработувале во истрагата и дека се задоволни од спогодбата.

07.04.2023 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега