Метеоролозите најавуваат невреме - драстична промена во сабота
Денеска во текот на попладневните часови и кон крајот на денов ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира метеорологот Славчо Попоски.
Локално процесите има услови да бидат нешто поинтензивни и застапени во форма на невреме. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Доста променливо време ќе се задржи и во текот на следните денови, а поголем влажен бран кој ќе услови врнежи од дожд насекаде низ државава ќе продре од запад во петок во вечерните часови и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа