Пешачка патека наместо Мостот на желбите?

Граѓани кои живеат во Месна Заедница стар град се пожалиле до општина Охрид дека некој изградил дополнителен крак на „Мост на желбите“ . Кракот не е предвиден во ниту еден план и е дивоградба, исто како и целиот објект кој е наречен  „Мост на желбите

Граѓаните велат дека ова е направено намерно за да се паркираат возила на новиот паркинг на Долни сарај, а да одат на плажите преку новизграденото мост, дивоградба, пишува Ohrid1.

Во изјавата од инспекторатот која е испратена до медиумите се вели дека ќе се урива дивоизграден објект, без да се прецизира дали се работи само за новиот доизграден крак или за целиот мост.

-Инпекторатот излезе на терен и ќе отпочне со постапка за уривање на нелегално изградениот објект, за кој нема никаква дозвола, а покрај тоа за оваа дивоградба не постои никаков елаборат за сигурност ниту план по кој е граден. Објектот е и опасност за граѓаните бидејќи на него се уриваат камења од карпите под кои без никаков проект е изграден – велат од општинскиот Инспекторат.

Како што беше ветено во изборите пред ВМРО ДПМНЕ да ја превземе власта во Охрид, на овој потег е планирано да се гради пешачка патека која треба да го спои пристаништето во Охрид, преку Канео и да стигне до плажата Лабино од каде ќе може пешки да се оди  до Воска и Даљан.

Пешачката патека дефакто ќе биде нов мост, или повеќе мостови кои ќе бидат изградени по сите стандарди и за разлика од така наречениот ”Мост на желбите” ќе се безбедни за граѓаните и туристите, пишува порталот.

16.07.2014 - 18:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега