„Слонче“ - Центар за ран детски развој

Од септември во просториите на ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче во Општина Аеродром ќе почне со работа новиот центар за ран детски развој „Слонче“, кој ќе работи во состав на ЈУДГ „Буба Мара“.

Центарот за ран детски развој Општина Аеродром го отвора во соработка со УНИЦЕФ во рамки на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“.

 Децата на возраст од 3 до 6 години од Долно Лисиче ќе имаат можност да посетуваат предучилишна програма, со цел да им се обезбеди правилен психо-физички и социо-емотивен развој.

Центрите за ран детски развој се од најголема полза за оние места во кои нема можност или потреба за отворање градинка, поради тоа што многу често баби и дедовци се грижат за своите внуци во домашни услови и не се во можност да платат месечен надоместок за престој во градинка.

Центарот за ран детски развој во Долно Лисиче претставува поевтина можност за родителите, поради тоа што не плаќаат надоместок за престој и за потрошни материјали (боички, хартија, лепило итн.) за нивното дете да ја посетува оваа програма.

18.08.2014 - 15:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега