ВИДЕО: 96 - годишна инстукторка по јога влезе во Гинисовата книга на рекорди

Запознајте ја 96- годишната инструкторка по јога Тао Линч. Таа е најстарата инструкторка за јога во светот, а благодарение на тоа се нашла и во Гинисовата книга на рекорди во 2012 година.

„Имам 96 години, танцувам и вежбам јога“, објаснила Линч.

Кога наполнила 85 години, сфатила дека јогата не ѝ е доволна, па почнала и со часови по танц.

„Таа е неверојатна, нема сомнеж за тоа. Дури ни јас не можам да ја следам“. – изјавува нејзиниот инструктор по танц.

„Секое утро кога ќе се разбудам, не мислам што ќе правам денес или утре, што било, туку помислувам дека ова ќе биде најдобриот ден од мојот живот“. – открива баба Тао.

Погледнете како вежба оваа супер бабичка.

15.09.2014 - 12:47


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега