МЗТ Скопје против Мега Визура во новата сезона на АБА лигата

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска го започнува својот трет настап во регионалнана АБА лига.

Кошаркарите на МЗТ Скопје, во воведното коло ќе играат на гостински терен кај српскиот претставник Мега Визура во терминот оф 19 часот.

Претходно во Загреб од 17 часот својата средба ќе ја започнат Крка и Цедевита, а во 18 во Унгарија стартува дуелот Шолнок и Партизан.

Во вечерниот термин од 21 часот ќе започнат и преостанатите два натпревари, Задар – Игокеа и Будуќност – Металац.

Вчера, во натпреварот со кој беше означен стартот на новата сезона во АБА лигата, Црвена звезда убедливо со 85-55 го совлада дебитантот во ова друштво Левски од Софија. Во вториот натпревар одигран во Загреб, екипата на Унион Олимпија од Љубљана славеше над Цибона со 85-80.

 

 

04.10.2014 - 10:51

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега