Урош Лучиќ оптимист пред стартот на новата сезона во АБА лигата

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, вечерва во Сремска Митровица  против Мега Визура ја започнува новата сезона во регионалната АБА лига.

Новиот капитен Урош Лучиќ верува дека МЗТ Скопје може со триумф да ја започне новата сезона, но и предупредува дека вечерашниот противник Мега Визура е квалитетна и сериозна екипа.

 Нашиот тим претрпе доста измени во однос на минатогодишниот, со нов тренер и со една сосема поинаква филозофија. Во Сремска Митровица патуваме со победничка атмосфера. Противникот е млад тим составен од талентирани играчи кои се желни за докажување. Првиот меч во новата сезона е нешто за кое што се подготвувавме цели два месеца и се надевам дека ќе прикажеме добра игра и ќе се преставиме во најдобро светло, вели Лучиќ во изјава за официјалната веб страна на клубот.

На дуелот, кој ќе се игра вечерва од 19 часот, во составот на МЗТ Скопје ќе го нема Канаѓанецот Овен Класен кој поради повреда (потрес на мозок) ќе мора да паузира една недела. 

04.10.2014 - 15:25

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега