Хамилтон победник на Гранд-прито на Јапонија

Британецот Луис Хамилтон е победник на денешната трка во Формула 1, шампионат кој се возеше за Големата награда на Јапонија.

Трката на која се возеше на патеката Сузука, помина во знакот на обилните врнежи дожд кои предизвикаа  многу проблеми на возачите.

Клучниот момент се случи во 29-от круг кога дотогаш Хамилтон успеа да го помине клупскиот колега Нико Розберг.

Новите проблеми со дождот и лизгавата патека беа и причината за инцидентот во кој пилотот на Марусија Жил Бјанки, удри во тракторот кој го отстрануваше  од патеката болидот на Зутил, по што Бјанки веднаш беше префрлен во болница. Тоа беше и дополнителна причина стјуардите на трката, да донесат одлука истата да биде прекината само три круга подоцна, а за важечки резултати се сметаа оние од 44-от круг.

Така стигна до третиот триумф во низа победи, а седми сезонава, и тоа пред тимски колега од Мерцедес Нико Розберг и актуелниот светски шампион Себастијан Фетел.

Во генералниот поредок водечкиот Хамилтон има 266 бодови, сега 10 повеќе од клупскиот колега Розберг. По нив следуваат возачите на Ред Бул, Рикардо со 193 и Фетел со 139 бода.

До крајот на сезоната остануваат уште четири трки, а следува Големата награда на Русија, која ќе се вози идниот викенд на патеката во Сочи.

05.10.2014 - 11:26

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега