Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Пред Законодавно-правната комисија се предлог - измените и дополнувањата на законите за пожарникарството, за безбедност и здравје при работа и за здравјето на растенијата, сите во прво читање, Статутот на Агенцијата за електронски комуникации во втора фаза, како и Барањето за давање автентично толкување на член 10 од Законот за јавните набавки, а во врска со членовите 65 и 66 од Законот за водостопанствата, поднесено од пратеникот Зоран Илиоски.

Статутот на Агенцијата за електронски комуникации ќе го разгледа и Комисија за транспорт. 

08.10.2014 - 09:32


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа