Шокантно: Холивудски актер призна дека е педофил

Доколку е можно скандалот да биде уште пострашен, Стивен Колинс злоупотребувал и 11 годишно девојче, роднина на својата прва сопруга.

Скандал на годината! Еден од најпопуларните сајтови за познатите „TMZ“ објави аудио снимка во која наводно актерот Стивен Колинс признава дека е педофил, бидејќи сексуално злоупотребувал неколку малолетни девојчиња.

 

Имено, поранешната сопруга на Колинс, Феј Грант, тајно го снимала нивниот разговор кај брачен советник, додека се обидувале да го спасат нивниот брак.

- И ја земав раката и ја ставив на мојот пенис, но немав ерекција. Барем не во целост, се обидел да се оправда актерот пред сопругата.

 

Домашната публика овој актер го памти од серијата „Седмо небо“, каде глумеше свештеник кој има прекрасна сопруга и седум деца.

08.10.2014 - 15:59


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега