Конечно убава вест и за Џенифер Анистон

Верени се повеќе од две години, а сега е време за следен чекор.

Актерите Џенифер Анистон и Џастин Терокс се верени веќе две години, а се чини дека сега се подготвени за следниот чекор.

Странските медиуми пишуваат дека двојката ќе се венча на популарното место Cabo San Lucas во Мексико. Сите претпоставуваат дека за таа одлука се инспирирале од неодамнешната венчавка на Анџелина Џоли и Бред Пит, поранешниот сопруг на славната актерка која срцето на обожавателите го освои со улогата во серијата „Пријатели“.

Џастин ја запроси Џенифер во 2012 година на нејзиниот 41 роденден. Се чини дека ќе мора уште малку да почекаме за службена потврда, но сепак едно е сигурно, фановите со нетрпение ја очекуваат нејзината венчавка.

08.10.2014 - 16:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега