Опозициските пратеници се враќаат во Собрание - му откажаа љубов на Заев поради 500.000 евра?

Боемската улица направи вистински хаос во опозициската коалиција. Одлуката на Заев да издејствува преку Жерновски тендерот за изградба да го добие фирма блиска на тито Петковски направи вистинска експлозија и во НСДП но и во Бихаќка.
Извори на Press24 во СДСМ велат дека одлуката фирмата Изградба Комерц сопственот на Јован Илијоски, близок човек на пратеничката на НСДП, Соња Мираковска да го добие тендерот од половина милион евра за реконструкција на Боемската улица била донесена на барање на Тито Петковски кој му ветил на Заев дека така ќе ги омекне своите сопартијци да се согласат за претопување на НСДП на Бихаќка.
Кога за ова дознал пратеникот на НСДП, Горан Мисовски во партијата на Тито Петковски почнало да врие. Мисовски кој контролира најголем дел од партиското членство најавил дека ќе ги врати тројцата пратеици во Собранието, а на советничката во општина Центар, Марија Бошковска и дал директива да не доаѓа на седниците на Советот на општина Центар со што на Заев и Жерновски им оневозможил да владеат со оваа локална самоуправа, бидејќи без оваа советничка, тие немаат мнозинство.
Уште поголеми проблеми имало на Бихаќка. Кога социјалдемократите разбрале дека фирма блиска до НСДП го добила скапиот тендер и тоа со цел Тито Петковски да се врати во партијата настнаал хаос.
Високи функционери во СДСМ се јавија во редакцијата на Press24 со најава дека нема да дозволат да им пропадне мандатот и дека штом Заев може да дели тендери без консултации и да враќа истрошени политчари на Бихаќка, можат и тие сами да решаваат дали ќе се вратат во Собранието. Нашиот извор вели дека заедно со пратениците на НСДП веќе се група од 7 народни избраници и ако на нив се додадат и тројцата опозиционери кои се веќе во Собрание, опозицијата ќе има најмалку 10 претставници.
Од СДСМ испраќаат реакции на текстовите кои ги објавува Press24 но не ги демантираат информациите.

„Колку го почитуваат Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ државниот празник 11 Октомври, Денот против антифашистичката борба и учесниците во НОБ покажуваат текстовите со лагите и нарачки со кои се полнат и денеска провладините медиуми.

ВМРО-ДПМНЕ и Груевски уште еднаш ја потврдија критиката изразена и во последниот Ивештај на ЕК за владина контрола на медиумите како и незаинтересираноста нешто да сменат.  
Со оваа власт Македонија е во голема неволја“ - стои во реакцијата испратена од Бихаќка во која освен етикетирање, нема демант на ниту една од објавените информации.
Демант ниту потврда не ситга ниту од НСДП. И Горан Мисовски и Тито Петковски не одговараат на своите мобилни телефони.
Во прилог на информациите оди и податокто дека на вчерашните прослави и одбележувањња на СДСМ на Денот на македонското востание во Куманово, Прилеп и Скопје не се појави ниту еден од функционерите на оваа партија иако тоа беше пракса во минататите години.

Пред два дена потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски рече дека најавите за враќање на пратеници се „желба на власта“, а за односите во коалицијата со НСДП изјави дека се „тековни“

12.10.2014 - 12:27


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа