Во Македонска Каменица ќе се гради центар за деца со пречки во развој

 
Во Македонска Каменица ќе се гради центар за деца со пречки во развој, а наскоро ќе биде објавен и тендер за избор на најповолен понудувач за изградбата, соопштија по денешната средба министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Македонска Каменица Дарко Митевски.
 
- Со градоначалникот постигнавме договор за изградба на Центар за деца со пречки во развојот во кој ќе бидат опфатени деца од Македонска Каменица и населените места од општината, чиј број не е мал. Засега тие деца се носат во центарот во Делчево за што Министерството и општината плаќаат значајни финансиски средства. Општината ќе го гради центарот, а Министерството за труд и социјална политика ке учествува во неговото опремување и финансирање на потребниот наставен кадар,  изјави министерот Спасов при посетата на Македонска Каменица.
Според градоначалникот Митевски, центарот ќе биде обврска на општината. - Досега имаме подготвено проектна документација а деновиве ќе објавиме тендер за поволен понудувач за неговата изградба. Потребните средства ги обезбеди опоштината од сопствениот буџет, истакна Митевски.  
На новинарско прашање каков ќе биде ставот на Министерството за зголемувањето на часовите на логопедот  во градинката во Каменица и Делчево, министерот Спасов одговори дека се прават напори ангажирањето на овие луѓе да биде зголемено од 10 на 20 часа месечно, за што постои расположение во Министерството.
17.10.2014 - 16:36


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега