„Пееме до ѕвездите“ - концерт посветен на Тоше Проески

 
Детскиот хор „Ѕвончиња“ вечер во салата на клавирите  во битолскиот Завод и музеј ќе го одржи својот традиционален концерт „Пееме до ѕвездите“, посветен на Тоше Проески.  
 
Средствата  од третиот хуманитарен концерт ќе бидат наменети за набавка на медицински апарати за болните дечиња кои се сместени во Домот за доенчиња и деца без родители во Битола.
 
Покрај хорот „Ѕвончиња“, на концертот ќе настапи  и вокалната група „Мелодиум“, под раководство на  Марина Коруновска, професор по соло пеење во Музичкото училиште Битола. 
18.10.2014 - 10:20


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега