ПРЕСВРТ: Заев и Шеќеринска си заминуваат од СДСМ

Во опозицискиот сојуз на чело со СДСМ се тестираат идеите за збивање на редовите, пишува „Фокус“.

Тоа, според медиумот под уредувачка и финансиска контрола на опозицијата , ќе се случува преку окрупнување на опозициските сили во едно силно движење, па дури и со обединување на сите блиски опозициски партии, заедно со некои т.н. невладини организации и во нов конкурентен политички субјект, под сосема нов бренд и веројатно со ново раководство. 

Ваквата најава на опозицискиот медиум според познавачите на состојбите отвора дилема, дали е ова само уште еден начин да се протне во јавноста претопувањето на НСДП во редовите на СДСМ по серијата деманти кои стигнаа од опозициските партии или пак начин да се заобиколи бојкотот кој Заев и Шеќеринска најверојатно, според најавите на Фокус ќе ги одведе во политичката историја. 

Press24 уште минатата недела пишуваше дека во опозициските редови се готви претопување на НСДП на Бихаќка. Иако опозицискитемедиуми најавуваат комплетно претопување на сите опозициски партии во еден политички субјект, анализата отвара прашање, која партија освен НСДП во редовите на опозицијата има каква - таква партиска структура. 

ЛДП е партија која речи си и да нема никакво членство. Токму еден од пратениците на либералдемократите се врати во Собранието. Политичките аналитиачри во повеќе наврати рекоа дека ЛДП е човек - партија во името на Жерновски кој по последните слуувања, се поизвесно е дека нема да има мнозинство во советот на општина Центар.

Во прилог на оваа констатација оди и податокот што Жерновски и оние средби кои треба да бидат партиски, ги одржува во граондачалничката канцеларија во општина Центар, каде ги прима странските амбасадори, бидејќи тие очигледно се единствените кои имаат претстава дека оваа партија реално постои во Македонија. 

Останатите политчки партии во опозицискиот блок, сите заедно, не можат да направат 10.000 гласа доколку би излегле на избори, па оттука, станува јасно дека најавеното „окрупнување“ е само обид да се скрие договорот на релација Петковски - Заев, НСДП да се „продаде“ на Бихаќка за тендер од 500.000 евра.

Информацијата на Фокус дека новата политичка партија ќе има и ново раководство е уште една потврда на информациите кои ги објави Press24 дека на Бихаќка врие од незадовослтво од начинот на кој Заев и Шеќеринска ја водат партијата. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОТКРИВАМЕ: Колку чини претопувањето на НСДП во СДСМ

ЕКСКЛУЗИВНО: Заев бара техничка влада за фер избори а аминува фалсификат избори во својата партија

Тито Петковски на итен состанок со пратениците на НСДП - враќање во Собранието?

Опозициските пратеници се враќаат во Собрание - му откажаа љубов на Заев поради 500.000 евра?

19.10.2014 - 22:55


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега