ВИДЕО: Поминал 5 месеци во дивина- погледнете во што се трансформирал

Американскиот војник Гари Сизер имал едно неверојатно искуство кое сакал да го сподели со светот. Тој поминал цели 5 месеци во дивина, поминал пат од 3.200 километри и ослабел речиси 15 килограми.

Војникот сакал да ја истражи убавината на недопрената природа, но она што му го привлекло вниманието е неверојатната трансформација на неговото тело.

И покрај тоа што се хранел контролирано, со намирници кои треба да му овозможат доволно енергија тој ослабел 15 килограми. По поминатите 3.200 километри, неговото тело видно се изменило.

Покрај долгата и запуштена брада и коса, секој мускул му бил исцртан, а ликот заморен.

- Не се лажете со мојот лош изглед. Фотографиите ги одбрав намерно, заради подобар контраст. 99% од времето бев среќен!

- Често пати јадев Сникерс, Твикс, Нутела и путер од кикирики, но 20-те километри кои ги поминував дневно си го направија своето.

По овој предизвик, Гари планира да напише книга за своите достигнувања кои ги доживеал во изминатите 153 дена во дивина.

22.10.2014 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега