Ексклузивци на приведениот менаџер победувале на многу фестивали

Ексклузивци на сопственикот на продукциската куќа за кој Нетпрес објави декае приведен во повеќе наврати победувале на Скопскот Фестивал. Најмалку двајца претставници на Евровизија биле екслузивци токму на продуцентот К.С. Негов ексклузивец победувал и во ситуации кога Скопскиот фестивал не одлучувал за тоа кој ќе ја претставува земјава за избор на песна на Евровизија, но сепак носел дебели парични награди.

Оние кои се доброупатени во фестивалските случувања во Македонија велат дека тоа е добро разработена шема во која премсетките покажуваат дека менџерите и нивните пејачи завршуваат со одличен профит.

„Ако се има предвид дека главната награда е 20.000 евра, тогаш 1000 сим картички не се ништо во споредба со тоа колку пари ќе земете. Плус треба да се има предвид дека овие луѓе си ги имаат картичките од претходните години, па тоа си го сметаат како инвестиција во бизнисот. Во зависност од потребите, пред секој фестивал само докупуваат нови и ги ставаат во функција. Овој пар, очигледно не им успеа“ - вели нашиот извор кој во повеќе наврати учствувал на фестивалите.

Истиот извор вели дека за ова знаат речи си сите учесници на фестивалите но не сакаат јавно да зборуваат. Освен Скопски, се местеле и други фестивали.

„Затоа многу често, песната што ќе победи по брзо време тоне во заборав. Штета трпат сите. И оние кои учествувале, но и комплетната музичка сцена“ - вели изворот. 

Полицијата информираше дека во голема акција во полициска станица приведени се повеќе лица и откриени се гнезда со сим картички од кои се гласало на вчерашниот избор.

13.11.2014 - 12:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега