Јован Јованов од САД се огласи по евровизискиот скандал

По информациите дека композиторот Јован Јованов е приведен во полициската акција за местење на резултатите од гласањето на Скопскиот фестивал, од редакцијата на порталот Убавина и здравје контактирале со продукцијата „Јованови“ од каде изјавиле дека Јованов веќе извесно време се наоѓа на дошколување во Холивуд, пренесува Либертас.

Според нив, македонскиот композитор и пејач бил затекнат од информациите во медиумите дека е приведен.

Од продукцијата информираат дека ќе поведат постапка против сите оние кои продолжуваат да го омаловажуваат името на Јованов и категорично негираат дека учествувал во било какви нелегални активности.

 

 

13.11.2014 - 22:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега