Твитер сеир: Наскоро нов дует Јован Јованов feat. Љубе Бошкоски

Откако излезе информацијата дека и македонскиот композитор, продуцент и пејач Јован Јованов е меѓу осомничените  за злосторничко здружување и компјутерска измама во врска со резултатите за првите три места од Скопскиот фестивал за избор на песна за Евровизија, твитерџиите удрија по него со интересни твитови.

„Иронија е да те уапсат за Скопски фестивал на ден на ослободување на Скопје„

„Па Џеј Џеј има и поголеми кривични дела правено, како песни на пример„

„Џеј Џеј е Џаро на новото време“

„Ајјјј... кој ќе го слуша после текстовите на Јован Јованов коа ќе излезе од затвор. Ќе го јадеме сите!„

„Барем Јован Јованов ќе има време да вежба клавир в затвор“

„Ако има смисла за хумор затвореникот на кој ќе му биди Јован кучка, ќе го вика Кован Јованов“

„Наскоро: Нов дует Јован Јованов feat. Љубе Бошковски“ 

„Џеј - Џеј: "Не ми треба магија за фестивал да наместам"

Ова се се дел од твитовите кои се однесуваат на популарниот македонски пејач.

Инаку, од  продукцијата „Јованови“ велат дека Јован Јованов не е во земјава и не е приведен. Тој пред три недели заминал на дошколување во Холивуд.

13.11.2014 - 22:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега