Сакам некој да ме контролира- искрени причини зошто мажите плаќаат за секс

Ако би одлучиле да направите анкета и да ги прашате мажите во вашето окружување дали некогаш поминале ноќ со проститутка, можеби би се изненадиле од одговорот.

 

Најново истражување покажало дека дури 15% од Американците во еден период од својот живот платиле за секс, додека 10% од Британците го дале истиот одговор.

Сексуалната терапевтка Сузан Џенис била изненадена од овие резултати, па одлучила на мажите да им постави едноставно прашање: Зошто плаќаат за секс, а одговорите кои ги добила биле многу поедноставни отколку што мислела.

САКАМ ДА СПИЈАМ СО ЖЕНА КОЈА Е АТРАКТИВНА

Еден маж рекол дека најзгодната жена со која дотогаш имал спиено била проститутка. Токму овој одговор бил на врвот на листата на сите мажи. Иако повеќето од овие мажи имале изградена кариера и негуван изглед, повеќето признале дека најлесен начин за да спијат со атрактивна дама им е да платат за секс.

САКАМ НЕКОЈ ДА МЕ КОНТРОЛИРА

„Иако сакам и партнерката да ужива, искрено сакам да бидам сигурен дека сум го добил сето она кое што сум го посакал, затоа што сум платил за тоа. Бидејќи за тоа сум дал пари, не се срамам да си го побарам она што го сакам“, рекол еден учесник во истражувањето.

Повеќето мажи се многу послободни да побараат исполнување на своите сексуални фантазии од жените кои ги платиле за секс. Повеќето од нив признале дека психички се чувствуваат многу позадоволно кога платиле за секс.

САКАМ ДА ГИ ИСПОЛНАМ СВОИТЕ ФАНТАЗИИ

„Сакам да експериментирам. Често имам препрека тоа да и` го кажам на мојата девојка затоа што можеби ќе си помисли дека е чудно. Кога ќе платам за секс, не се грижам за тоа што го барам. За нив ништо не е чудно“, рекол друг учесник во студијата.

Повеќето мажи сметаат дека со своите барања ќе ја навредат партнерката, па признаваат дека исполнувањето на најдлабоките сексуални фантазии им се случило со проститутки.

НА ТОЈ НАЧИН НАЈБРЗО СТИГНУВАМ ДО СЕКС

„Плаќањето за секс е толку едноставно. Можете да одберете жена која ви се допаѓа без обврски“, била причината на друг испитаник.

Повеќето мажи признале дека плаќаат за секс затоа што тоа е наједноставниот начин да дојдат до него и тоа го прават кога им е потребен.
САКАМ ДА ИЗБЕГНАМ КОМПЛИКАЦИИ

„Понекогаш сакам да имам само секс, без никакви преправања дека сум смртно заљубен во некоја девојка. Кога ќе платите за секс, на крајот од состанокот не мора да разменувате броеви, затоа што знаете дека нема да се сретнете после тоа. Плаќате, имате односи, си заминувате и сите се среќни“, рекол друг испитаник.

Оваа причина навела неколку мажи да платат за секс, кои биле на состанок после кој девојките не сакале да престанат да ги бараат, иако им дале до знаење дека не се заинтересирани. Некои девојки, според нивното мислење, не можат да прифатат дека мажот не е заинтересиран за врска и обврски и дека сакал само малку забава. Ваквиот однос, без компликации и обврски, за нив е можен само ако платат за секс.

Извор: Точка

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега