Работи кои никогаш не смеете да и ги кажете на свекрвата

Место на кое постојано сте под лупа и на кое секогаш гледаат во вас барајќи ви ја и најмалата мана, жешката столица е во домот на неговаа мајка.

Зошто мораш да му се јавуваш секој ден?

Тоа што ќе уследи по ова прашање не сакате да си го дозволите на себе ниту во најлошата ноќна мора, бидејќи како мајка може да дозволи да помине ден не знаејќи дали нејзиниот сакан син појадувал, што ќе руча и дали е уреден и нахранет. Замката се крие во фактот дека ако вие нешто не сте направиле, таа секако дека ќе направи.

Син ти е неверојатно добар во кревет
Никогаш не го спомнувајте зборот секс и не се обидувајте да алудирате на таа вечна табу тема. Таа тоа не сака да го знае бидејќи нејзиниот син едноставно не го прави тоа.

Не сакам да седам дома и да раѓам деца додека син ти гради кариера
О не, не, во нејзино време тоа немало, на жената местото и било дома со децата, за кариера не станувало збор додека децата не пораснат. И секако, ако одлучите да бидете мајка со кариера бидете подготвена на критика.

Ручекот ти е толку мрсен што ќе добијам запушување на крвните садови
Ни во лудило да не ви паднало на памет да ги критикувате нејзините јадења, напротив на вас е да изедете најмалку две порции и побарајте една за дома и по дозата на фалење дискретно замолете ја за рецепт.

Бараме домашна помошничка, немам време за чистење и пеглање
Зареме е тоа можно, некоја непозната личност да ги пегла кошулите на нејзиниот син, да го средува вашиот кревет и да ви ја пере облеката? Таквите работи треба да останат зад четири ѕида бидејќи во нејзино време таа се сама стигала да заврши. Доколку имате домашна помошничка најдобро е да не и кажувате.

 Извор: Вечер

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега