На Јована и Жељко Јоксимовиќ одморот им излезе низ нос

Како малер ги бие Јована и Жељко Јоксимовиќ  додека патуваат на одмор на Сејшелите!

Имено, прво летот од Белград им доцнеше 24 часа, па им се загуби багажот, за да на крајот им забранат да го напуштат аеродромот.

Кога популарниот пар стигна до Абу Даби, каде што требаше да влезат во авион кој ќе ги однесе до Сајшелите, останаа заробени на аеродромот. Авионот им отиде, куферите им се загубени, мораа да чекаат друг лет, па поради тоа беа сместени во хотел на самиот аеродром, кој не смеат та го напуштаат бидејќи имаат само транзитна виза.

Кој знае дали ќе успеат да се извлечат од целиот тој циркус до 13 јануари, бидејќи Жељко тогаш го очекува настап за православната Нова година.

 

 

Оцени ја веста

06.01.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега