СП ракомет: Словенија трета, Катар втор во А групата

Репрезентацијата на Словенија завршува како третопласирана во А групата на СП што се одржува во Катар, а домаќинот ќе биде второрангиран зад Шпанија.

Ова е исходот по мечот од последното 5. коло во оваа група, во кој светскиот првак Шпанија ја совлада Словенија со 30:26.

Дали Словенија или Катар ќе биде противник на Македонија во осминафиналето ќе дознаеме по мечот во кој нашите ракометари ќе играат против Австрија. Доколку средбата заврши со триумф на нашите ракометари или нерешен резултат, Македонија во осминафиналето ќе игра против Словенија.

Пораз од Австрија би значело освојување на третото место во Б групата, а со тоа и дуел на македонските ракометари со домаќинот Катар во осминафиналето на Мундијалот, кој ќе се игра во недела.

Инаку, покрај Шпанија, Катар и Словенија, пласман во осминафиналето од Б групата обезбеди и селекцијата на Бразил со победата над Чиле 30:22 со што го освои четвртото место.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега