Миркуловски се огласи по црвениот картон против Словенија

Филип Миркуловски ја прифати одговорноста за црвениот картон што го доби на почетокот на второто полувреме, еден од моментите кои веројатно влијаеја на конечниот резултат.

Играчот на Металург најави дека овој тим ќе продолжи на европското првенство во Полска, но укажа дека е време во селекцијата да им се даде простор на помладите ракометари.

- Можеби лошата одбрана го реши мечот, се однесувавме како да играме против кој знае која репрезентација. Можеби и моето исклучување, кое не требаше да го направам. Игравме со нозе тешки два тона, не знам што беше проблемот,- рече 31-годишниот играч. - Мислам дека ова беше последна наша шанса за пласман на Олимписки игри на оваа генерација. Можеби е време за промена на генерации, сите сме во зенитот на нашите кариери. Сите сме преку 30 години и треба да се размислуваме за подмладување. Но најнапред да ги одиграме уште квалификациите за европското првенство во Полска, а подоцна да влезе свежа крв во тимот,- заврши бекот на државната репрезентација.

Пропуштената шанса против Словенија ќе мора да се надополнува преку европското првенство во Полска што се игра во јануари 2016 година. Од екипите што влегуваат во четвртфиналето, само шампионот патува директно за Рио, додека оние од 2-7 место ќе играат квалификации. Од европското првенство ќе биде делегиран шампионот, а уште две места ќе се пополнат преку елиминации од другите репрезентации што ќе бидат во европскиот врв, а ќе немаат пласман во Рио.

 

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега