Скандал: Јаким Неделков сака да биде уредник во Сител, Канал5, Алфа и МТВ

Синдикатот на образованието, науата и културата донел одлука да не дава изјава за Сител, Канал5, Алфа и МТВ додека не ја променеле уредувачката политика. Ваквиот став денеска претседателот Јаким Неделков и го пренел на новинарката на ТВ Сител кога таа од него побарала став по вчерашниот договор со Министерството за образование и наука за прекин на генералниот штрајк. Останува нејасно дали Неделков сака да седне во некое од уредувачките столчиња во овие медиуми за сам да решава како ќе излгеда нивната уредувачка политика

Ваквата скандалозна изјава доаѓа по се поизразеното незадоволство меѓу професорите од договорот кој Неделков го склучил со владата.
Ова е прв пат во Македонија некоја институција да донесе одлука за избор на медиумите преку кои ќе ја информира јавноста. Со ова уште еднаш се потврдува исполитизраноста на СОНК, кој очигледно нема намера да ја инфомира јавноста за своите потези. Останува големпостор за сомнеж дека со овој потег, СОНК се обидува преку избор на медиуми до крај да одработи за одредени политчки центри на моќ.

По ова, се очекува со своја реакција да излезат оние здруженија на новинари кои се ослободени од политички притисок и финасии од сомнителни  извори.

 

 

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега