Аудио плеер за лица со посебни потреби

Аудио плеер кој поддржува транскрипција на аудио книги според содржината и формата, оптимизиран за најпопуларните интернет-пребарувачи и кој лесно може да се интегрира во која било дигитална библиотека е победничкото решение на конкурсот „КулТИП“ - аудио плеер за лица со посебни потреби кое денеска беше претставено во НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје 

-Со плеерот ќе се овозможи полесен пристап до аудио содржините обезбедени од Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, а наскоро ќе биде интегриран и во Дигиталната библиотека на Македонија, појаснија од Националната универзитетската библиотека

Изворниот код на аудио плеерот е објавен како open source-решение и е јавно достапен на GitHub преку корисничката сметка на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Исто така, изработена е и посебна веб-страница каде што заинтересираните лица можат да ги разгледаат сите функционалности на аудио-плеерот.

Аудио плеерот е резултат од проектот „Веб базиран аудио плеер за лица со посебни потреби“ со кој НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) учествуваа на конкурсот „КулТИП 2014“ што го организираше Британски совет во соработка со ФИНКИ.

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега