Најстарите згради во Штип ќе блеснат во ново руво

Општина Штип ќе ги уредува фасадите на едни од најстарите згради во Штип, кои се познати како седумте кули, а се наоѓаат во непосредна близина на Економскиот факултет на универзитетот „Гоце Делчев“.

Градоначалникот на Штип Илчо Захариев, пренесува МИА, вели дека завршуваат градежните работи околу уредувањето на паркинг местата кај овие згради, а просторот ќе биде и хортикултурно уреден.  

- Жителите ќе треба да направат само кровни конструкции, а општината ќе ја направи фасадата на првата кула за да видат како тоа би изгледало и ќе се потрудиме без нивен надомест со наши средства да ги завршиме сите фасади. Продолжуваме потоа во населбата „8 Ноември“, најголема населба во нашиот град, каде што ќе почнеме со уредување на просторот околу сите згради. Таму веќе имаме соработка со жителите и почнуваме од понеделник тоа да го средуваме, рече Захариев.

Исто така, ќе се уредуваат и населбите Автокоманда и Сењак, а годинава се очекува да заврши и изградбата на коритото на река Отиња, каде што ќе се прават и каскади со цел да се спречи нејзиното излевање.

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега