Се гради патот до село Пухче - Чардаклија ќе добие улица

Општина Штип интензивно работи на изградба на патот до село Пухче. Дамнешната желба на жителите, кои со децении се оставени отсечени од градот е пред исполнување. Ова посебно доаѓа до израз кога стариот земјен пат е зафатен од поплави и силни врнежи и кога калта не дозволува пристап.

Со поддршка на македонската Влада преку кредит од Светската банка, во тек е реализација на патот до село Пухче, во должина од 3.3 километри.

Во првата фаза, се прават најтешките 1.5 километри.

- Инвестицијата е во вредност од 9 милиони денари и ние се надеваме дека сите работи ќе бидат завршени во предвидениот рок. Ова е ветување кое општината го даде и го исполнува бидејќи остануваме на ставот дека покрај асфалтирањето на улиците во самиот град, средствата кои по разни основи или агенции и се нудат на Општина Штип со намена за развој на рурланите подрачја ќе бидат искроистени - изјави Тоше Горгиевски од општина Штип.

Драган Ристов, советник за односи со јавност изјави дека општината веќе има подготвено и нови проекти:

- Годинава ќе се асфалтираат и улиците во приградската населба Чардаклија а веќе имаме подготвени три проекти и се чека објавување на повик за аплицирање преку Агенцијата за развој на руралните подрачја за да бидат поднесени. Проектите се однесуваат на асфалтирање на улиците во село Врсаково, пат од Долани до локалниот манастирот и пат до село Суво Грло. Секако се разработуваат и други проекти кои следните две години ќе бидат приоритетни кога се во прашање руралните подрачја.

Пухче е село кое гравитира во Лакавичкиот регион и има една од најубавите природи во Штипско. Жителите се задоволни од тоа што се гради пат и се надеваат дека со тоа ќе се вратат некои од соседите а и дека нивните внуци побезбедно ќе доаѓаат во посета.

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега