Училиштето “Гоце Делчев” во Демир Хисар доби повеќенаменско игралиште

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски денеска го предадоа во употреба 41-то повеќенаменско спортско игралиште, кое е дел од проектот на Владата за изградба на 100 повеќенаменски игралишта во Република Македонија.

Игралиштето се простира на површина од 1300 квадратни метри, овозможува одржување на тренинзи и натпревари во мал фудбал, кошарка, ракомет и други спортови, а поставени се и рефлектори, со што игралиштето ќе може да се користи и во вечерните часови.

- Република Македонија интензивно чекори напред во делот на подобрување на спортската инфраструктура. Во таа насока се капиталните проекти за изградба на спортски сали, повеќенаменски и тениски игралишта, од кои придобивки видоа сите општини во нашата земја. Од овие проекти не беше изземена ниту општината Демир Хисар, каде досега се изгради спортската сала “Јордан Пиперката”, се реконструираше спортската сала во с. Смилево, денес се става во функција ова игралиште, а во следниот период ќе го реконструираме и фудбалското игралиште, изјави Спасески и им порача на младите максимално да ги користат овие спортски објекти.

1igraliste500

Градоначалникот на Демир Хисар, Блажевски се заблагодари на Владата и Агенцијата и укажа на фактот дека Демир Хисар е една од најспортските општини во Македонија, како по спортски резултати, така и по спортска инфраструктура.

- Општина Демир Хисар има најмногу спортски објекти по глава на жител во нашата земја и тој рекорд мора да го оправдаме со спортски резултати. Но, истовремено преку спортот мора да ги одвлечеме и младите од современите пороци,  порача Блажевски.

Од проектот за изградба на 100 повеќенаменски игралишта, досега изградени се 51, а 6 игралишта се во фаза на градба.

 

 

Оцени ја веста

14.05.2015 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега