Стопанската комора и Државниот завод за статистика ќе потпишат меморандум за соработка

Денеска, Стопанската комора на Македонија и Државниот завод за статистика ќе потпишат меморандум за соработка.

Потпишувањето на меморандумот е од особено значење за Комората како корисник на статистичките податоци, за согледување на состојбите и деловните тенденции на ниво на македонската економија и одделно по дејности, во чии рамки дејствуваат и нејзините членки со цел предлагање соодветни мерки и активности во функција на унапредувањето на бизнис-климата.

Парафирањето на соработката е важно и за Државниот завод за статистика како институција што ги обезбедува статистичките податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество.

Меморандумот за соработка ќе го потпишат претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и директорката на Државниот завод за статистика Благица Новковска.

најчитано сега